Ќе се воведе директна линија Скопје - Софија

Bez autora
May 28 2013

Скопје и Софија наскоро ќе се поврзат со директна авиолинија. Бугарската авиокомпанија „Булгариан ер“ планира да воведе редовна авионска врска меѓу главните градови со што тие првпат ќе се поврзат по воздушен пат. Во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) с` уште не добиле официјално барање од бугарската авиокомпанија за одобрување на новата линија. Оттаму велат дека штом добијат такво барање, ќе го разгледаат и ќе одговорат во најкус можен рок. Немањето директни авионски врски меѓу Македонија и земјите од нејзиното поблиско опкружување со години е голем проблем, особено за бизнисмените, кои мораат често да патуваат на тие релации. Од Скопје директно може да се лета само до Белград, Загреб, Љубљана и до Истанбул. За да се стигне до Тирана, Атина, Подгорица или до Сараево, треба да се сменат најмалку два лета, а билетите чинат од 200 евра нагоре.

Ќе се воведе директна линија Скопје - СофијаСкопје и Софија наскоро ќе се поврзат со директна авиолинија. Бугарската авиокомпанија „Булгариан ер“ планира да воведе редовна авионска врска меѓу главните градови со што тие првпат ќе се поврзат по воздушен пат, објави специјализираниот портал за авијација „Екс ју авиејшн њуз“.

Во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) с` уште не добиле официјално барање од бугарската авиокомпанија за одобрување на новата линија. Оттаму велат дека штом добијат такво барање, ќе го разгледаат и ќе одговорат во најкус можен рок.

Немањето директни авионски врски меѓу Македонија и земјите од нејзиното поблиско опкружување со години е голем проблем, особено за бизнисмените, кои мораат често да патуваат на тие релации. Од Скопје директно може да се лета само до Белград, Загреб, Љубљана и до Истанбул. За да се стигне до Тирана, Атина, Подгорица или до Сараево, треба да се сменат најмалку два лета, а билетите чинат од 200 евра нагоре. Менувањето летови и чекањето по аеродроми го одолжува патувањето. За дестинација до која со автомобил се стасува за три до шест часа, патувањето со авион трае и повеќе од десет часа.

Авиокомпаниите се категорични дека воведувањето на овие линии не е економски исплатливо поради малиот број патници. Босанската компанија „БиХ ерлајнс“ пред неколку години воведе директна авиоврска од Скопје до Подгорица и Сараево, но за кратко време ја укина поради мал интерес.

Најновите статистички податоци покажуваат раст на бројот на патниците на двата македонски аеродрома за околу 10 отсто. Според нив, во првите четири месеци од годинава низ скопскиот аеродром „Александар Велики“ поминале 262.601 патник.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik